„Дојдовме во МИГ да напредуваме, а не да се прилагодуваме на нови професори секое полугодие“, изреволтирани лани во јавноста излегоа учениците од Математичко-информатичката гимназија од Скопје, кои ја бојкотираа наставата. Ова е еден од најчитаните текстови на Умно.мк во 2023 година. Учениците беа незадоволни од изборот на професорите и нивната честа промена што влијае врз квалитетот на наставата. „Многу сме разочарани. Во прва година ни беше одлично, во втора веќе почнаа проблемите и во трета еве се соочуваме со нови ситуации и се бориме за подобра настава и подобар кадар“ велат улениците.
– Таа промена се случува секое полугодие, со што се отежнува нашата подготовка за натпревари што ни е најважна во овој период. Се губи време со тоа што треба да се запознаваме со новите професори одново и одново. Во трета година 80 отсто од предметите ни се стручни. На местото на старите професорите доаѓаат други со послаби квалификации за работа во оваа гимназија. Разговаравме со директорката, но не добивме никаков одговор дека нешто ќе се смени – велат тие.
Целиот текст на линкот.





