Повеќе од 150 ученици Роми учеа за климатските промени и заштитата на животната средина

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Во средното училиште „Шаип Јусуф“ и во основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26-ти Јули“ се реализираа работилници за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето. Освен учениците, низ процес на обука, поминаа и 60-ина наставници од овие училишта.

На овој начин, објаснува Кристијан Ангелков, менаџер на Здружението на граѓани на „Ромаверзитас“, со проектот „За поздрав и поурбан живот на Ромите“ се зголемува достапноста до податоци и факти за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето и свеста и мобилизираноста на учениците и наставниците за спроведување на практични мерки поврзани со климатските промени, здрава околина за живеење и подобрување на здравјето.

Сподели