„Антево слово“ го објави меѓународниот конкурс за поезија

По 7 пат Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“ во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на Анте Поповски, великанот на македонската поезија.

Може да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на на македонски и италијански или англиски јазик на адресата: antevoslovo@gmail.com.

Со учеството на овој конкурс пријавените автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 1 март.

– Конкурсот е создаден за преку возвишена поезија да се овековечи духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко – велат од манифестацијата.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационално жири со кое ќе претседава Митко Гогов, поет и претствник на „Контекст – Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално биде доделена пролетва во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело ла Векија“, именувана по професорот познат во Сицилија и во цела Италија по неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор, и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Сподели