Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје ќе бидат реновирани во текот на наредните 18 месеци. Тие се првите од вкупно девет стидентски домови низ државата што ќе бидат реновирани во рамкита на #teameurope проектот за енергетски ефикасна рехабилитација.
– Договорот што се потпишува е доказ за спроведување на Зелената агенда на Европскат Унија, ќе имаме позитивно еколошко влијание, но истовремено и да им се подобри животот на студентите и ќе помогнеме да се намали загадувањето во Скопје – рече Штефен Худолин, в.д. амбасадор на Европската Унија во земјава.





