Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 21 часот ќе се одржи осмата „Поетска епизода“ за оваа година. Ќе читаат поетите и поетесите Николина Андова-Шопова, Драган Атанасов, Емануела Ковачевска-Китановска, Милена Сиљановска и Никола Наумовски. Од конкурсот што беше објавен деновиве своја песна ќе ни прочитаат Дарија Јовановска, Андреј Анѓеловиќ и Вероника Димоска.
Осмата „Поетска епизода“ ќе ја модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски, а е организирана со поддршка на Europe House Skopje и кафе-книжарницата „Буква“.





