И во Скопје живеат суперхерои

Во време на бројни суперхерои што ги гледаме по филмовите и ни го спасуваат светот, некој деновиве се сетил да израдува десетици деца на скопските улици и да им подари насмевка и трошка среќа. Дечиња од ранливи категории се прерадуваа на новогодишните пакетчиња што ги добија од добронамерни луѓе.

Кога секој еден од нас, би го направил она што може за оние кои не можат и немаат, нашиот свет ќе биде многу посреќно место за живеење. Нека ова дело служи како поттик за сите нас, да преземеме конкретни акции и кој колку може, некому да му ги направи новогодишните празници посреќни. Имајте предвид дека кај повозрасните припадници на ранливите категории тоа многупати подразбира само една топла шолја сладок чај или кафе и еден домашен сендвич, полн внимание, сервиран со искрен разговор.
Светот не можеме да го спасиме, ама можеме некому да му подариме насмевка и да влееме надеж во новата година.

Сподели