Политичкиот трилер во режија на Гоце Цветановски, вечерва ќе биде прикажан на 21. Меѓународниот филмски фестивал Шенаи во Индија, како дел од официјалната селекција во програмата Светска кинематографија (World Cinema).
„Бизнисот на задоволството“ досега е селектиран на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали во Европа, Америка, Јужна Америка и Африка и е добитник на пет интернационални награди.
Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е снимен со поддршка на македонската Агенција за филм.





