Анимираниот омнибус „Небиднина“ во режија на четворицата автори Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски, ја освои наградата за најиновативен анимиран филм на фестивалот „Анимаком“ во Билбао, Шпанија. Седмото издание на фестивалот се одржа од 11 до 18 декември.
„Небидина“ е составен од четири кратки филмови, инспирирани од поезијата на Ацо Шопов. Македонија цела година ја посвети на чествување на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет.
Насловот на филмот е инспириран од збирката „Небиднина” објавена пред точно шеесет години.





