Како живеат астронаутите во услови на микрогравитација?

Како е да си го живеете своето нормално секојдневие во вселената? Ова е едно од прашањата за предизвиците и препреките со кои се соочуваат астронаутите, живеејќи во услови на микрогравитација во рамките на предавањето „Живот во зеро G“ кое вечерва во 19 часот ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

– Воедно, ќе ги разгледаме научните, физиолошките и практичните импликации на нултата гравитација врз живиот свет, како и потенцијалот за долгорочни вселенски патувања – велат организаторите од Скопското астрономско друштво.

Прадавањето ќе се одржи во училница 223 на ФЕИТ, а билетите може да се купат пред влезот на училницата по цена од 100 денари, а за сите студенти со приложен индекс, влезот ќе биде 50 денари.

Сподели