Во Чифте амамот во Старата скопска чаршија вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили, од Приштина. Ќе бидат изложени триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Изложбата е насловена „Музеј на Детството“. Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија на Македонија.
Повеќе информации на линкот.





