Работилница за деца „Во светот на пештерите“

„Во светот на пештерите“ е насловена детската работилница која вечерва во 18.30 ќе се одржи во Europe House Скопје. Презентациите за пештери и спелеолошка опрема ќе ги раководат д-р Билјана Гичевски и Беркер Самет, а за секое дете-учесник ќе добие подарок книга „Тајните на македонските пештери“ и диплома за учество. Работилницата е наменета за деца од 8 до 12 години, а шредвидена е за 15 учесници.

– Ги повикуваме сите млади трагачи на авантури да научат за спелеологија – наука за проучување на пештерите. Подгответе се за незаборавно патување во мистериозниот свет под нашите нозе.

Научете за спелеологија како спорт, пробајте дел од опремата (проба на шлемови, светла итн.), учествувајте во работилница за изработка на пештерски украси и искусете импровизирана пештера од мебел – вечат организаторите од истражувашкото друптво „Урсус спелеос“.

Сите заинтересирани да се пријават на линкот.

 

Сподели