Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на наградата „Св.Климент Охридски“

Проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор и Антонио Митрикески, филмски режисер се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес.

Мурати е професорка на Тетовскиот универзитет и го доби признанието во областа на воспитанието и образованието, додека Митрикески, кој е професор на Факултетот за дрмски уметности – од областа на културата и уметноста.

Наградата ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот во свечената сала на македонското Собрание. Претседател на одборoт на државната награда е Томислав Османли.

Сподели