„Кармен“, една од најпознатите опери од Жорж Бизе на 28 ноември и 1 декември (од 20 часот) ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет. Диригент е Оксана Мадараш, гостинка од Украина, режијата е на Нина Најденова од Бугарија, а сценографијата на нејзината сограѓанка Елена Иванова. Костимограф е Марија Пупучевска, а дозајнот на светло на Васил Лисичов.
На 28 ноември, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров. Улогата на Ескамилио ќе ја толкува Ристе Велков, во улогата на Микаела е Катерина Стојановска, а во останатите улоги ќе настапат: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.
На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа (Србија), Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева-Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски. Со нив ќе настапат хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при училиштето „Илија Николовски – Луј“, под раководство на Весна Димчевска.





