„Студентите и студентскиот стандард“ е насловот на трибината која денеска во 11 часот ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје по повод 17 Ноември, Меѓународниот ден на студентите.
– Овој ден го одбележуваме како знак на заедништво, знаење и ангажирање на студентите ширум светот. Настанот ќе биде историски момент за нас сите, каде што ќе имаме можност да споделиме идеи, искуства и визија за иднината. Поканети се сите студенти, професори и универзитетски претставници заедно да го прославиме значењето на образованието и студентската заедница – велат организаторите.
На трибината ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Лазо Пендовски, проректор на УКИМ, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марина Ангелова, генерален секретар на Националниот младински сојуз, Филип Марковски, в.д. претседател на Факултетското студенстско собрание на Филозофскиот факултет и други.





