„Скопје на новата генерација“ инспиративната архитектонска изложба во Пошта

„Скопје на новата генерација“ е насловот на инспиративната архитектонска изложба која во знак на 60-годишнината од скопскиот земјотрес на 13 Ноември во 18.30 часот ќе биде отворена во објектот на Пошта. Изложбата произлезе од конкурсот, организиран од Europe House Скопје.

Изложбата официјално ќе ја отвори амбасадорот Дејвид Гир и ќе ги прогласи и победниците на конкурсот. Овој настан ќе служи како платформа за визијата и развојот на градот, креирана од новата генерација архитекти и урбанисти.

– Фазата на пријавување доведе до одлични иновативни архитектонски предлози, каде што секој од предлозите претставува можност за скок кон поинклузивен и ревитализиран град, како и за модернизација на Скопје – велат организаторите.

Тие додаваат дека се возбудени од квалитетот и креативноста на младите архитекти, а визијата што ја добиле од предлозите е инспиративна и дава надеж за иднината на градот. Главниот настан ќе биде од отворен карактер и ќе се случува во шалтерската сала на Пошта – Скопје. Сите што ќе го пропуштат главниот настан, ќе имаат можност да ја посетат изложбата и во следните три дена, поточно од 14 до 16 ноември, од 12 до 15 часот. Изложбата се отвора на Денот на ослободување на Скопје и четврт роденден на Europe House Скопје.

Сподели