Филмот „Долгото збогување“ на реѓисерот Рјота Накано, ќе биде прикажан вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола. Проекцијата е дел од Деновите на јапонскиот филм во Македонија. Влезот е слободен.
Седумдесетгодишен пензиониран директор на училиште гo известува своето семејство (сопругата и двете ќерки) дека има Алцхајмерова болест. Трите се загрижени и секоја различно реагира на новонастанатата ситуација додека неговата болест напредува.
„Долгото збогување“ е адаптација на истоимениот роман на Кјоко Накаџима и ја прикажува секоја фаза од болеста на неговиот херој, од почеток до крај. Во филмот е претставена драмата на индивидуалните предизвици на членовите на семејството, како и нивните жртви додека тие се справуваат со болеста на нивниот сопруг и татко. Тие се сведоци на неговото пропаѓање. Тој поради болеста почнува да ја губи меморијата. Но, сфаќаат дека има некои работи од неговиот живот што тој никогаш нема да ги заборави





