Дарио Ивановски од Скопје (со време 30,16 минути) и Греса Бакраги од Косово (со време 34,54 минути) на 10 километри освоија златен медал на 3. маратон November Run во Гевгелија, што вчера се одржа на улиците на Гевгелија со старт и цел во центарот на градот. Цел град дишеше во ритамот на спортот, музиката, убавата енергија. Иако млада трка, сепак, се покажа дека Гевгелија е град што има капацитет да се носи со голем настан.
Времето на Дарио Ивановски воедно беше и нов рекорд на 10 километри на третата трка низ гевгелиските улици. Воедно Дарио Ивановски со оваа денешна трка го освои и првото место од Државниот првенство на 10 километри, а Адријана Поп Арсова која беше втора на денешниот маратон, беше прва од македонските натпреварувачи.

– Пресреќен сум што кај нас се развива трчањето и маратони има во се’ поголем број градови во земјава. Се повеќе млади се занимаваат со овој спорт,а ние како а ние веќе искусните атлетичари и маратонци се трудиме да им оставиме добар впечаток за атлетиката и да ги подржиме да напредуваат во овој спорт, кој кај нас е во подем, потенцира Ивановски.
Маратонот го организира Општина Гевгелија и АК „7 ноември“ и под покровителство на Атлетската федерација на Македонија која денешната маратонската трка на 10 километри воедно ја прогласи и за трка од Државното првенство.
Вкупно 2300 учесници од кои на 5 и 10 километри, учествуваа 1100 натпреварувачи во машка и женска конкуренција меѓу кои и 60 натпреварвачи од 16 странски земји со што гевгелискиот маратонот е воедно меѓународен. Како и втора трка беше со 1126 учесници во детската трка која беше на 950 метри. Воедно се одржа и трката трка „Run together“ – „Трчаме заедно“ направена со фондацијата „Ице Бегов“ на која можеше да учествува секој, а целта беше за подигање на свеста за потребите на лицата со посебни потреби, а која трка немаше натпреварувачки карактер.

Второто место во трката на 10 километри го освои Урош Гутиќ од АК Борац од Бања Лука БИХ, а трет се пласира Мохамед Чабот од Мароко кој две години го освојува маратонот во Софија, Бугарија. Второпласирана во трката на 10 километри беше Адријана Поп Арсова од АК„ Делта“ и трета на целта пристигна Теа Божиновска од АК „Охрид Трчат“ од Охрид.
На трката на 5 километри во машка конкуренција прв беше Муџахид Мислими од „Ускана“ Кичево втор Гилман Јунузи, а трет Димитриос Ардалис од Грција. Кај жените прва е Анастасиа Пејчева од СЦ Хермес 2023,а втора Радица Јованова од Триологи Актив Тим, а трета Тамара Попов од „Атомик“.





