Изложбата проследена со предавања кои се дел од проектот „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941“ ќе биде презентирана утре во 13 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Врз основа на анализата на истражениот материјал од архивите, предавање ќе одржат Соња Здравкова-Џепароска, Ана Стојаноска и Христина Цветаноска.

Музеј на театарската уметност – Србија
Изложбата содржи материјали од првите години на постоење на театарот на македонска почва со детален попис на претставите кои се изведувани, гостувањата и дел од фотоматеријалите од овој период.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.
Веднаш по предавањето ќе биде промовиран и 9. списание „Арс Академика“, што го издава Факултетот за драмски уметности.





