На Природно-математичкиот факултет во Скопје викендов почна Есенската математичка школа во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ). Полниот амфитеатар ученици ги поздравија деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески, претседателот на СММ, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, проф. Војислав Андриќ, специјален гостин од Ваљево, Србија и раководителот на школата, проф. д-р Ирена Стојковска. Сите заедно на учениците им посакаа пријатна работна атмосфера и многу успех на школата.
Оваа година школата ја посетуваат околу 250 ученици од 4 одделение основно образование до 4 година средно образование, од повеќе градови од Македонија.
Фото: Сојуз на математичари на Македонија





