„Тело“ на Петра Селишкар е најдобар документарец во 2023 во Словенија

Филмот „Тело“ на режисерката Петра Селишкар, е прогласен за најдобар документарец во Словенија за годинава. Селишкар за филмот кој е словенечко-хрватско-македонска копродукција ја доби наградата „Весна“ на церемонијата што се одржа во Порторож, Словенија.

Филмот имаше светска премиера во Сараево годинава, а беше прикажан и на последниот „МакеДокс“ во Скопје. Исто така, награда за најдобар звук на филм доби Македонецот Игор Поповски заедно со Јулиј Зорник, за неговата работа на филмот „Предупредување“.

Сподели