Поетски слем натпревар во Прилеп

Во Прилеп денеска и утре ќе бидат одбележани 13 години поетски слем во Македонија, во организиација на Театарска работилница од градот. Програмата почнува вечерва во 18 часот во Чоше кафе со проекција на поетскиот филм „Ние“. Слем карванот ќе се одржи на повеќе локации -кај Саатот, кај Ѕидот…

Во 19.30 часот во клубот „Таверна“ ќе се одржат промоции на „Огнен пој“ од омоции: Перо Сарџоски и на „Празно место“ од Снежана Стојчевска. Од 20.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Поетскиот слем натпревар 2023. Во натпреварувачкиот дел ќе настапат: Анде Јанков, Бобан Доцевски, Валерија Дамчевска, Виктор Спасески, Даница И. Лепојевиќ, Евгенија Узунова, Јасмина Волческа, Љубица Петровска, Миланчо Пендев, Сања Ристовска, Славчо Ковилоски. Во ревијалниот дел ќе се претстават: Бобан Богатиновски, Габриела Стојаноска-Станоеска, Горазд Кени Китановски, Дијана Петкова, Елена Пренџова, Игор Трпчески, Ирена Јурчева, Марина Икономова Шокева, Никола Дукоски, Сандра Авросиевска, Сара Миланоска, Тони Павлески, Соња Гаврилова, Јулијана Маринковиќ.

Утрешниот ден е предвиден за прошетка по Маркови Кули.

Сподели