Во Скопје и во Струмица викендов (7 и 8 октомври) ќе се одржи меѓународниот хакатон NASA’s Space Apps Challenge. Натпреварот е наменет за сите кодери, научници, дизајнери и вселенски ентузијасти од целиот свет. Може да се пријават сите кои имаат страст за вселената, за технологијата или решавање на проблеми. Регистрацијата е почната во јули, а сè уште не се пријавиле може тоа да го сторат на линкот.
Настанот е отворен за јавноста и бесплатен за сите возрасти. Учесниците ќе работат во тимови, осмислувајќи решенија за предизвиците поставени од NASA. Проектите што ќе бидат пријавени до 8 октомври во 23:59 часот по локално време ќе имаат шанса да освојат наградa. Локалните лидери ги избираат номинираните за глобално судење, а глобалните победници ќе бидат објавени во декември.
Специфичните предизвици се веќе достапни и можете да ги разгледате на линкот, додека искористувањето на заедничките напори за изготвување на open-source решенија за предизвиците со кои се соочуваме и на Земјата и во вселената, останува да биде главниот фокус на Space Apps оваа година.
NASA’s International Space Apps Challenge е платформа започната во 2012 година. Оттогаш учествувале повеќе од 220.000 регистранти од повеќе од 185 земји од светот. Настанот ги охрабрува ентузијастите од сите средини да ги користат отворените податоци на НАСА за да дизајнираат иновативни решенија за реалните проблеми на Земјата и вселената.





