Донација од 500 книги, сликовници за деца на „Сказнувалка“ во Градската библиотека во Скопје

Издавачката куќа „Сказнувалка“ деновиве подари 500 книги, сликовници, приказни за деца од своите изданија на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Ова е прекрасен гест на издавачката куќа специјализирана за квалитетни книги за деца и млади. Нивните изданија отсега ќе бидат достапни во сите библиотеки низ Скопје, најавуваат од библиотеката.

– Неверојатни книги, сликовници, чудесни илустрации и приказни важни за денешните деца, за младите, но и за сите родители, педагози и сите вклучени во грижата и воспитанието на идните генерации. Возбудени сме колку и нашите (нај)мали читатели. Благодариме „Сказнувалка“ за вашето пријателство – големо колку детско срце – велат од Градската библиотека.

Сподели