Издавачката куќа „Сказнувалка“ деновиве подари 500 книги, сликовници, приказни за деца од своите изданија на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Ова е прекрасен гест на издавачката куќа специјализирана за квалитетни книги за деца и млади. Нивните изданија отсега ќе бидат достапни во сите библиотеки низ Скопје, најавуваат од библиотеката.

– Неверојатни книги, сликовници, чудесни илустрации и приказни важни за денешните деца, за младите, но и за сите родители, педагози и сите вклучени во грижата и воспитанието на идните генерации. Возбудени сме колку и нашите (нај)мали читатели. Благодариме „Сказнувалка“ за вашето пријателство – големо колку детско срце – велат од Градската библиотека.





