Творештвото на Миле Корубин од вечерва во Чифте амам

Ретроспективната изложба на дела од доајенот на современата ликовна уметност во Македонија Миле Корубин ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Пред присутните ќе се обратат директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, академскиот сликар Рубенс Корубин и Кирил Пенушлиски, историчар на уметност. Куратори на изложбата се Маја Неделкоска-Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска- Михајловска, виш кустос.

Миле Корубин (1922-2000) ѝ припаѓа на првата генерација ликовно образовани македонски уметници кои, по Втората светска војна, се школувале во центрите на југословенската држава (Белград, Загреб, Љубљана). Омажот на големиот сликар се организира во рамките на одбележувањето на 75 години постоење на Националната галерија. Повеќе информации на линкот.

Сподели