Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе биде отворено вечерва во 20 часот со поетско читање на автори гости на фестивалот, обединети под мотото „Воздух. Ветер. Дишење.“ Ќе настапат: Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова Шопова, Драгослав Дедовиќ, Лана Деркач, Ален Брлек, Марам ал-Масри, Имануел Мифсуд, Мартин Глаз Серуп и Дарија Јовановска, млада поетеса што беше одбрана на настанот „Отскочна даска“.
Читањето ќе биде придружено со музичка импровизација на дувачки инструменти. Ќе свират Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски и Владимир Лукаш.

Претходно во 18 часот ќе биде промовирана „Ново раѓање на зборот (антологија на младата македонска поезија)“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски со поетско читање на застапените млади поети.
Ќе читаат: Калиа Димитрова, Михајло Свидерски, Павлина Атанасова, Моника Стојановска, Диме Данов, Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Марија Велинова, Иван Иванов, Стефан Костовски, Марија Грубор, Никола Дуковски, Сара Ѓорѓијоска, Благица Трајкоска, Софија Тодороска, Марија Јанчевска, Марија Ангеловска, Горазд Китановски ‒ Кени, Никола Наумовски, Филипа Сара Попова, Пепи Стамков, Љубица Петровска, Сатја Александар Давитков, Емануела Ковачевска Китановска, Дамјан Златановски, Јована Стаматовска, Макрина Јорданова, Драгана Стојадиновска и Андреј Ал-Асади.

Во рамките на настаните пред официјалното отворање на фестивалот, освен „Отскочна даска“, се одржа и поетско-музички перформанс на ВИС „Тркалезна маса“ посветен на поетот и актер Бошко Бозаџиевски, кој почина пред 15 години.
Фестивалот ќе трае до 30 септември, а повеќе за програмата – на следниот линк.





