„Од рециклажа до уметност“ е насловот на работилницата што ќе почне денеска во 18 часот во Europe House Скопје. Присутните ќе учат да рециклираат стари предмети во креативни продукти, да стекнат знаење како може да се искористи и реупотреби старо алпинистичко јаже и слично. Работилницата ја организраат Europe House Скопје во соработка со Алпинистички клуб од Скопје.





