Десетмина млади уметници излагаат во Уметничкиот центар „Арт хаб“

„Цртај на мaкедонски јазик“ е насловот на изложбата на Друштвото на ликовните уметници ан Македонија отворена во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Скопје. Со свои дела се претставија десетмина млади автори кои активно се бават и истражуваат во различни медиуми на творење во визуелната уметност. Темата на поставката е преку ликовните дела на младите членови на ДЛУМ да се поттикне правилната употреба на македонскиот јазик во пишаната комуникација и да се стекне јазична писменост – граматички точно пишување интегрирано со развивање на ликовни уметнички искуства.

– Со ликовната уметност како основен медиум преку кој се реализира овој проект ја насочуваме целта кон активирање на креативниот потенцијал на младите уметници во имагинативен пристап кон актуелната ситуација на многуте јазични, правописни и синтаксички грешки кои се јавуваат во тек на секојдневната комуникација на социјалните медиуми – велат во ДЛУМ.

Во рамките на изложбата застапени се дела од: Марта Патлиџанковска, Лусиана Ампева, Дорина Тенева, Ана Спасова, Ивана Самандова, Кристијан Јованоски, Озбек Ајваз, Драганчо Таневски, Славица Таневска и Дејвид Стоилковски.

Насловна фотографија: Дело на Кристијан Јованоски

Сподели