Современ визуелен уметник Зоран Арсовски-Бабата ќе биде претседател на стручното жири на 9. Меѓународно биенале на минијатура „Уметноста на минијатурата“ што ќе се одржи во Русе, Бугарија. По покана од Уметничката галерија „Русе“, Арсовски ќе го предводи жирирањето кое ќе се одржи од 28 до 30 септември. Организаторите најавуваат силна конкуренција на веќе пристигнати уметнички дела на уметници од целиот свет.
– Ова е еден од најзначајните настани за уметноста на минијатурата, којашто по својата тежина е една од најтешките дисциплини во уметноста бидејки бара многу прецизност и уметничка креативност, која носи силни пораки коишто многу кажуваат на малото сликарско платно – вели Арсовски.
Тој во последните неколку години реализирал самостојни проекти и изложби на минијатури во повеќе држави. Тое беа познати како уметнички галерии коишто привлекоа големо внимание и оставија силен впечаток на пошироката јавност. Арсовски досега реализирал 15 самостојни изложби и учествувал на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство.





