„Нешто слатко“ – романтичната комедија со актерите Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја од 22 септември ќе се прикажува во повеќе градови низ Македонија. Премиерата на филмот беше во мај годинава, а оттогаш фимот во киносали и на отворено е прикажан пред повеќе од 7000 гледачи. Филмот досега е прикажан во „Синплекс“, Кино 3Д во Битола, Дом на млади во Штип и Паркинг кино во Битола, како и на неколку фестивали, а кон крајот на месецов се очекува да биде прикажан во киното „Милениум“ во Скопје.
Главниот дистрибутер во Македонија, „Процес К продукција“, најавува дека филмот ПРОДУКЦИЈА, им овозможува на гледачите проекцијата на филмот есенва ќе биде прикажан во следните градови и термини:
Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар“ – 22.9,
Демир Хисар – Дом на култура „Илинден“ – 22.9,
Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков“ – 25 и 26.9,
Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков“ – 28.9,
Кичево – Дом на култура „Кочо рацин“ – 28.9,
Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов“ – 30.9,
Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен),
Охрид – Центар за култура „Григор Прличев“ – 4 и 5.10,
Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов“ – во првата половина на октомври,
Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев“ – во првата половина на октомври,
Валандово – Дом на култура „25-ти Мај“ – исто така кон првата половина на октомври и
Крива Паланка – Центар за култура – по 10 октомври.





