Во Музејот на град Скопје вечерва во 19.30 часот ќе биде претставена уметничката група „Шатакуа Скопје“. Истоимениот проект, Chatautauqua – е сплет од аналогна фотографија, видеодвижења, објекти и музика. Мултимедијалниот настан е развиван повеќе од три години.
Во групата членуваат: Филип Куновски, сврзно ткиво на составот, Дарко Поповски, Јулијан Мицевски и Андреј Татарчевски. Филип Куновски веќе девет години е во Прага каде е дел од прашкиот Кауч Колектив чии проекти LUCIDA и Facing Self биле прикажани во последните години. Во 2020 година заврши на отсекот Фотографија и нови медиуми на ФАМУ. Дарко Поповски во последниве десетина години бил дел од музичките групи „Его диско“ и „Плутос даутс“. Андреј Татарчевски, познат како Татар, е дел од повеќе музички проекти меѓу кои „Изечоци“, A World to Taste и Cycle1.

Јулијан Мицевски, познат по групата „Скопски грув“ и член на бендот Lincoln Letter, неодамна промовираше втор албум во МКЦ. Мултимедијалниот проект во Музеј на град Скопје кој ќе трае до 24 септември.





