Повеќе од 200 вљубници во велосипедизмот учествуваа на велосипедската трка што Халкбанк ја организираше во Маврово. Тие го искористија празникот да се дружат, забавуваат и натпреваруваат, а најбрзите од нив, во различни категории, освоија и вредни награди. Трката се одржува веќе четврта година и прераснува во традиционален настан кој Халкбанк АД Скопје ја организира во рамките на платформата „ХалкЕко“ чија цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.

Трката годинава имаше повеќе забавен и рекреативен карактер, ставајќи го акцентот на велосипедот како средство за рекреација, спорт и движење за секој. Во категоријата возрасни во женска конкуренција најбрза беше Андријана Анастасоска, второто место го освои Александра Танасоска, а третото – Лидија Мано Илиев. Во истата категорија во машка конкуренцја прв на целта пристигна Димитар Јовановски, а зад него беа Кирил Марковски и Маријан Тасевски. Во оваа категорија годинава беа формирани и поткатегории според возраста – мажи и жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години.

Во категоријата деца, во категоријата од 13 до 17 години најбрзи беа Симона Стојановска oд девојчињата, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Никола Ристески од машките. Кај најмладите велосипедисти, деца од 6 до 12 години кои возеа траса долга 12 километри, (до Никифорово и назад), првите три места ги освоиј Оља Цветанова, Тија Кукунешоска и Софија Кутаноска и Марко Михајлов, Марко Шаврески и Марко Чекеровски.

Бидејќи годинава имаше можност и за тимско пријавување, за најбрзи беа проглесени тимовите на Нивеа, ЈЦА и Халкбанк.

Најдобрите велосипедисти во сите категории освоија и вредни парични награди кои што ги обезбеди Халкбанк и тоа 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата возрасни, во машка и женска конкуренција, односно во категоријата деца, од 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата возрасни ќе бидат исплатени на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Трката „ХалкВелоГрин“ е само дел од многубројните настани и активности кои Халкбанк како еко ориентирана компанија ги организира или ги поддржува преку својата платформата „ХалкЕко“ која што ја претставува „зелената агенда“ на банката. Во средиште на платформата е истоимената апликација преку која, со вредни награди, банката ги мотивира корисниците што повеќе да пешачат или да користат велосипед или тротинет како превозни средства.
Како и секоја година и годинава, собраните средства од котизациите за учество во трката Халкбанк повторно ќе ги искористи за општествено-корисни цели.





