Премиера на „Дрво низ времето“ на инклузивниот ансамбл на „Колектив Ветерница“ во Копер

Инклузивниот ансамбл на „Колектив Ветерница“ од Скопје вечерва ќе има премиера на перформансот „Дрво низ времето“ во рамки на Фестивалот за детски театар „При светилникот“ во Копер, Словенија. Преку невербален театарски израз и препознатливата естетика на физичката интерпретација на Колективот Ветерница, овој пат ансамблот ја раскажува приказна за човекот кој ја разграбува природата, водејќи се и себе си кон самоуништување.

Истражувајќи го процесот на премин на фазите „од преживување до изживување“, останува фактот дека врската со природата е нераскинлива и го откинува последниот крик за сознание длабоко во секого од нас и од кои зависи нејзината иднина.

Премиерата е дел од завршната активност на истоимениот проект во продукција на Завод за истражување на визуелни и изведувачки уметности Марибор во рамки на програмата Еразмус + мали партнерски проекти во училишно образование и со поддршка и соработка на „Трисомија 21“.

Во перформансот учествуваат: Маша Блажева, Кристина Петровска, Ана Јовановска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Софија Поповска, Ена Митревска, Филип Ангеловски, Елизабета Петковска, Стефан Трпковски, Оливер Блажевски, Матеј Аларов, Коста Аризанов, Јоана Ристеска, Ивана Нелковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Димитрова и Билјана Митева, додека учениците од училиштето „Сподни дупњек“ под менторство на Метка Трдин и Маријетк Бежјак, врз база на учебникот по историја за 7 одделение, изготвија краток анимиран филм кој го разработува влијанието на човекот врз природата во различни епохи.

Сподели