Промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Скопје

„Единствен матичен број“, новиот роман од нашата реномирана писателка и поетеса Лидија Димковска ќе биде промовиуран вечерва, во 19.30 часот во кафе-барот на „Филхармонија“. Романот ќе го промовораат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски. Книгата е издание на ТРИ.

Лидија Димковска е родена во Скопје во 1971 година. Ова е нејзин четврти роман. Димковска е поетеса, романописец и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик. Докторирала Романска литература на Универзитетот во Букурешт, Романија, каде предавала македонски јазик и литература. Живее во Љубљана, Словенија и преведува романска и словенечка литература на македонски јазик.

Објавила шест поетски збирки на својот мајчин, македонски јазик: „Рожби од Исток“, „Огнот на буквите“, „Изгризани нокти“, „Нобел против Нобел“, „pH неутрална за животот и смртта“ и „Црно на бело“, три романи „Скриена камера“, „Резервен живот“ и „Но-Уи“, еден американски дневник „Отаде Л.“ и една збирка куси раскази „Кога заминав од Карл Либкнехт“.

Сподели