Во Крушевската чаршија утре во 12 часот ќе биде отворена изложба со која Europe House Скопје се вклучува во одбележувањето 120 години од раѓањето на големиот уметник Никола Мартиноски, 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на галеријата „Мартиноски“.
Во рамките на јулбилејот осуммина млади дизајнери се приклучија на дигиталната ликовна колонија во Крушево и изработуваа креативни решенија. Под менторството на Зоран Кардула, дизајнерите инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски креираа дела со помош на дигиталните алатки.
Освен утре, нивните дела во петок (18 август) 12.30 часот ќе бидат изложени во галеријата „Никола Мартиноски“.





