Конкурс за изработка на мурал на КСП „Центар-Јадро“ во Дебар маало

Конкурс за изработка на мурал на фасадата во Дебар маало објави КСП „Центар-Јадро“ од Скопје. Право на учество имаат сите уметници државјани или резиденти во Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП „Центар-Јадро“ ќе обезбеди средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20.000 денари. Димензиите на ѕидот се 14 х 3,5 метри. Муралот треба да биде изработен 10 до 20 септември годинава.

– Ја продолжуваме иницијативата за изработка на времени мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на Центарот. Преку нив се промовира уметноста во јавен простор. Менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази – велат од КСП „Центар-Јадро“.

Конкурст е тематски отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела и цели врз кој се темели КСП „Центар-Јадро“. За изборот ќе одлучува жири составено од истакнати професионалци од областа на културата.

Заинтересираните треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com најдоцна до 5 септември, со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

Сподели