Во школо од 1 септември до 17 јуни, воведен е пролетен распуст

Новата учебна година ќе почне традиционално, на 1 септември, но оваа година основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст, соопшти Министерството за образование и наука. Одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

– Учебната година ќе почне на 1 септември, а првото полугодие завршува на 29 декември. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Од 29 април до 5 мај (2024 година), учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни. Летниот распуст почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година – одлучи Владата.

Сподели