Изложба на дела од македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин на 2 Август ќе биде отворена во Букурешт. Изложбата ќе биде отворена во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент. На површина од околу 600 квадратни метри Урдин ќе се претстави со нова поставка „Табула Раса“.

На два монитора во галеријата, посетителите ќе можат да ги проследат документатните филмови на Урдин, „Планетариум“ и „Табула Раса“. Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.
Изложбата ќе биде отворена до 31 август. Неодамна Урдин со изложбата „Предци“ се претстави во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами, Флорида.
Фото: kirourdin.info





