„Гостивар, градот кој секогаш има гости“ – промоција на туристички водич на 4 јазици

Во просториите на „Демокраси лаб“ во Гостивар, денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на четиријазичниот туристички водич „Гостивар, градот кој секогаш има гости“. Автор на водичот е археологот Даниел Ѓорѓевски, а изданието е на Здружението Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина – Полог од Гостивар, во рамките на проектот Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар.

– Ваквиот тип на публикација е прв на територија на Општина Гостивар и се надевам дека во иднина ќе има нови и надоградени верзии со нови сознанија и нови автентични фотографии. Јас како археолог и историчар се обидов да го доловам културноисторискиот дух на минатото на Гостивар. Внимавав да не се изостави и современиот модерен дух на градот – вели Ѓорѓевски.

Туристичкиот водич е изработен во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2, ReLOaD 2 финансирана од страна на Европската Унија (ЕУ) а спроведена од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Сподели