Со торба полна медали се врати македонската репрезентација на Специјалната олимпијада што се одржа во Берлин, Германија. Еден златен, два сребрени и два бронзени медали во неколку дисциплини освоија нашите учесници. Златен медал во атлетика – скок во далечина освои Агрон Хајредини. Негов тренер беше Ифраим Љута. Во истата категорија жени, сребро освои Јулијана Петровска.
Во категоријата 100 метри пливање грбно, Стефан Трпковски освои второ место, односно сребрен медал. Додека пак, на 100 метри пливање слободен стил, Марио Мицковски освои бронза. Со него работеше тренерот Игор Димовски.
Бронза освои и Јане Никодиновски во категоријата бадминтон. Негов тренер беше Марјан Стојановски.





