Стрип авторката Ангела Петрушевска учествува на Академија за стрип во Атина

Стрип центарот на Македонија од Велес деновиве учествува на Echo академија на стрип уметници што се организира во Атина. Младата авторка Ангела Петрушевска од Скопје, заедно со автори од Грција, Бугарија, Србија, Холандија, Ирска во период од три недели ќе создаваатуметничко дело инспирирано од куклен театар на сенки „Караѓоз“.

– Избраните уметници ќе создадат оригинални стрип-уметнички дела (2-5 страници по стрип уметник) кои ќе бидат објавени во колективен издание од издавачот Jemma Press од Грција, како и план за пилот проект дизајниран да се спроведе во нивната матична земја во соработка со „Интер Алија“ и локалната матична организација. Во првата недела од својот престој , младите стрип уметници ја посетиле официјалната стрип библиотека во Атина, како и музејот на куклен театар на сенки „Спатарио“, каде што Караѓоз не е изложен туку оживува! – вели Томе Трајков, основач на Стрип центарот на Македонија.

Echo aкадемиите се уметнички проект што ги негува младите и нови европски таленти во повеќе области. Проектот е имплементиран од страна на Inter Alia од Грција заедно соФондација „Отворено општество“ од Бугарија, „Сфера Интернационал“ од Македонија, Pro Progressione од Унгарија и Cumediae од Белгија. Проектот е кофинансиран од страна на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Трајков истакнува дека македонските уметници имаат големи придобивки од ваквите проекти – развој на портфолио, развој на капацитети, вмрежување, меѓународна соработка и видливост,менторство и индивидуални уметнички консултации, како и консултации за промоција на стрип и културата на пазар.

Сподели