„Речник на паронимите во македонскиот јазик“ на авторот Емил Ниами ќе биде промовиран вечерва во 19 часот на зелениот покрив на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Ова важно дело од лингвистиката го објави книгоиздателството „МИ-АН“ од Скопје. Делото ќе го промовира проф. д-р Анета Дучевска, а на клавијатури ќе настапи Билјана Петровска.
Станува збор за сериозен труд на 200 компјутерски страници во кои се обработуваат над 500 паронимски парови од лексиката на македонскиот литеатурен јазик, пишува проф. д-р Красимира Илиевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
– Се работи за вид пионерска работа – прв обид да се собере и обработи македонската паронимија што само по себе е одговорна и прилично обемна задача. Тоа е тема што одамна требало да биде обработен. Потврда за ова тврдење може да се најде во многубројните, речиси секојдневни грешки на радиото, телевизијта, во печатените медиуми, интернетот, да не зборуваме за искази на луѓе кои не се занимаваат професионално со јазикот и не се многу вниматени во изборот на јазичните средства при оформувањето на исказот – пишува професорката во нејзината рецензија за делото.





