Дела од Кирил Василев во Отвореното графичко студио

До 25 јуни во ќе биде отворена изложбата F.L.Y.O.M на академскиот вајар Кирил Василев, во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје. Проектот F.L.Y.O.M е алегорична site specifik поставка чија изразена сатирична нота недвосмислено упатува на социјална, нималко ласкава критика во чие средиште е homo sapiens.

Василев работи во Театарот за деца и младинци како куклар и реквизитер. Автор е на голем број сценографии и костими во повеќе театарски претстави и филмови, а во 2012 година за претставата „Приказни за Шехерезада и Шахријар“ што режисерот Деан Дамјановски ја постави на сцената на Турскиот театар во Скопје ја доби наградата за сценографија на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Фото: Станко Неделковски

Сподели