Битола го доби првиот ѕид за качување

Битола го доби првиот болдер – ѕид за качување со трибина која дава мултифункционалност на објектот кој ќе се користи и за спортски и за уметнички дејности и е лоциран во долниот дел на Градскиот парк.

– На децата им е потребна ангажирана забава, дури потоа спорт и на крај врвен спорт. Целта на болдерот е да придонесе во афирмација на спортското качувањ и да го зголеми интересот на специфични целни групи на деца и млади и на љубители на авантуристички спортови и алтернативна култура за ваков тип на спорт, активизам и забава – вели Влатко Деловски од СКК „Вертикал“ кој е и носител на проектот.

Сподели