Ангела Петрушевска, ученичка во скопскотот средно училипте „Лазар Личеноски“ го освои освои првото место во категорија најдобри стрип автори до 18 години на 6. Стрип фестивал во Ваљево, Србија. Специјална награда за педагошка работа доби Стрип центар на Македонија со седиште во Велес. Специјално признание доби проектот „За нашите соседи и пријатели“ имплементиран од Стрип центар на Македонија и Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Скопје.
– Стрип центарот на Македонија од своето формирање отвора врати на меѓународна соработка со други земји. Во рамките Ваљевскиот стрип фестивал во 2019 година беше отворена и изложба на современи македонски стрип автори. Младата Ангела Петрушевска со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред и прераснува во вистински амбасадор на македонскиот стрип центар – вели Томе Трајков, програмски координатор во Стрип центарот во Велес.
Организатор на фестивалот во Ваљево е Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура во гардот и Центарот за уметност на стрипот од Белград.





