Конкурс: 13.000 евра поддршка за автори на Уметничко биенале во Малта

Македонските уметници може да се пријават на Првото уметничко биенале во Малта што ќе се одржи идната година. Повикот го објави Министерството за култура. Финансиската поддршка за уметниците кои ќе бидат селектирани на Биеналето е во висина до 13.000 евра.

Нашата амбасада во Рим, надлежна и за Малта, информира за повикот на претседателот на националната Агенција за културно наследство на Малта, Марио Кутајар, за аплицирање на македонски уметници на Првото уметничко биенале кое ќе се одржи во Малта од март до мај идата година.

Краен рок за пријавување е 25 август. Повеќе информации на линкот.

Сподели