Претставата „Тунел“ во режија на Кристина Атанасова-Арсова на театарската група „Годо“ од Кочани ја доби наградата Гран при „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 60. издание на Драмски аматерски фестивал во Кочани. Атанасова-Арсова ја доби и наградата за режија „Борис Стојчев“. За наградите одлучиваше жирито составено од Анкица Бенинова (претседател) и членовите Жарко Спасовски и Сотир Трајков.
– Претставата фрагментирано се осврнува кон сите типови на насилство, физичко, емоционално, врсничко, семејно. Конфликтите беа прикажани низ силна уверлива драмска игра и кореографија, со особена поетика и критика на актуелната стварност – пишува во образложението.

Даниел Гочевски заедно со актерот Владимир Тулиев
Ова се останатите награди:
– Споредна женска улога – Тамара Стојановска за улогата Лиза и Вики во претставата „Драги уметници“ на Театар Чекори од Скопје.
– Споредна машка улога – Никола Кузмановски за ликот на Ласте во претставата „Драги уметници“ на Театар Чекори од Скопје.
– Главна женска улога – Анџелија Мировиќ за ликот на Наталија Степановна во едночинката „Просидба“ од Чехов, во продукција на Академско позориште од Ниш, Србија.
– Главна машка улога – Даниел Гочевски, за ликот на Драган Тарабунов во претставата „Драги уметници“ на Театар Чекори од Скопје.
– Истражување сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар – претставата „Умрежени“ на КУД „Бранко Радичевиќ“, од пододбор Просвета – Почетин, Хрватска, во режија на Цветин Аничиќ.
– Награда во категорија за деца и младинци – претставата „Црвенкапа“ на драмското студио „Летечка театарска трупа“ од Тетово во режија на Зоран Јовановски.

Анџелија Мировиќ – најдобра женска улога, заедно со актерот Миле Вратеовски





