„Повторна средба“ – дела од Анита Јовеска-Сот во Прилеп

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложбата „Повторна средба“ од прилепската уметница Анита Јовеска-Сот. Изложата ја отвори историчарката на уметност Викторија Димеска, која посочи дека делата на авторката пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност.

– Нивните погледи продираат длабоко под прагот на свеста, вовлекувајќи ги заинтригираните посетители да нурнат во таинственото море од мистерии, минувајќи низ емотивен катарзичен процес.Со миговното чувствено осознавање на нивната самобитност, ликовите оживуваат и умешно ја откриваат својата есенцијалност од очите на набљудувачот – рече Димеска.

Сподели