Наградата „Букер“ за Георги Господинов од Бугарија

Пиастелот Георги Господинов ја доби меѓународната награда „Букер“ за романот „Засолниште во времето“. Со тоа Господинив стана првиот писател од Бугарија што ја добил една од најпрестижните награди за литература. Книгата од бугарски на англиски јазик ја превде Анџела Родел. Лејла Слимани, претседателка на жирито го опиша делото како „брилијантен роман полн со иронија и меланхолија“.

Наградата „Букер“ се доделува од 1969 година, а меѓу нејзините добитници се Салман Ружди, Маргарет Атвуд, Казуо Ишигуро, Џулијан Барнс и други. Во 2005 година почна да се доделува интернационалниот „Букер“, за книги во превод, а прв добитник е Исмаил Кадаре. Наградата е вредна 50.000 фунти и се дели еднакво помеѓу авторот и преведувачот.

За наградата годинава беа пријавени 134 книги од кои беа селектирани 13 кои влегоа во потесната конкуренција. Во нашата земја романот на макеоднски јазик го издаде „Или-Или“.

Сподели