„Поетроника“ – македонската поeзија во музички контекст

Поетроника“ е насловен проектот кон ја 8 јуни ќе биде изведен на големата сцена на Македонскиот народен театар. Проектот претставува едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо, а ќе биде изведен од неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање.

– Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика – најавуваат од МНТ.

Проектот е, исто така, некој вид сведоштво за континуитетот и конзистентноста на македонското поетско творештво особено во време кога повторно јазикот, идентитетот и правото на културна самоидентификација се доведени во прашање.

Сподели